Јуве во напад: Светски рекорд за победа против ПСЖ и Барса

47
Јуве во напад: Светски рекорд за победа против ПСЖ и Барса

Италијанскиот првак Јувентус уште не се откажал од трансферот на еден од најталентираните светски дефанзивци Матијс де Лихт.

Тутоспорт објави дека торинскиот клуб испратил последна понуда со која ќе се обиде да им го уништи планот на ПСЖ и Барселона и да го донесе младиот Холанѓанец во своите редови. Наводно, станува збор за сума од 100 милиони евра со што Де Лихт ќе стане најскап дефанзивец во историјата на фудбалот и ќе ги помина Вирхил ван Дајк и Лука Ернандес.

Случајот го презел Павел Недвед кој деновиве треба да се сретне со агентот на Де Лихт, Мино Рајола за да се договорат сите услови за трансферот.