Хамилтон и Мерцедес доминантни во Франција

7

Возачот на Мерцедес, Луиз Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Франција. Со комплетна доминација дојде до подиумот запишувајќи ја шестата победа сезонава, четврта во низа, без притоа да се соочи со било каква посериозна конкуренција.

Задоволството од одличната трка на патеката „Пол Ришар“, Хамилтон го изрази веднаш по излегувањето од болидот.

„Прво што му доаѓа на ум е мастер-класа. Одлична трка и горд сум на момците и на тимот. Ова е најдобриот можен старт на сезоната“ – истакна возачот на Мерцедес.

На втората позиција заврши неговиот совозач Валтери Ботас, додека на третата позиција се најде Шарл Леклер од Ферари.

Меѓу првите десет уште се Верстапен од Ред Бул, Себастијан Фетел, кој го имаше и најбрзиот круг на патеката, како и Сеинтс, Рикардо, Рајконен, Хулкенберг и Норис.

The post Хамилтон и Мерцедес доминантни во Франција appeared first on sportmedia.mk.