Чудната формација на Аргентина: Сите во круг, еден во средина (ФОТО)

11
Чудната формација на Аргентина: Сите во круг, еден во средина (ФОТО)

Аргентина не успеа да слави на првите две средби од Копа Америка, а главниот дел од критиките одат на адреса на селекторот Лионел Скалони, за чудниот избор на формација.

Прв пример беше мечот со Колумбија, на кој на фотографијата јасно се гледа кружната поставеност на играчите, со само еден фудбалер во средината. Колку беше успешна оваа оригинална тактика, најдобар доказ е фактот дека Аргентинците го загубија мечот.

Скалони се надмина во финишот од синоќешниот дуел со Парагвај, на кој „гаучосите“ бркаа победа, а нивниот селектор во завршницата постави формација 5-1-4, со офанзивни бекови. Проблемот е повторно идентичен – нема играчи на средината на теренот што можат да почнат акција и да испратат употреблива топка до напаѓачите.

Доказ за тоа е и оваа фотографија, од акција на Меси во самиот финиш, кога аргентинскиот ас тргнува од својата половина, а на триесетина метри од него нема соиграч со кого би можел да проигра.