Абрамович му гарантирал на Лампард најмалку две сезони на клупата на Челси

6
Абрамович му гарантирал на Лампард најмалку две сезони на клупата на Челси

Менаџерот на Дерби, Френк Лампард веќе сосема извесно се враќа на „Стемфорд бриџ“ овој пат како шеф на стручниот штаб на Челси.

Како што пренесуваат медиумите од Островот, Лампард се очекува да го наследи Маурицио Сари кој од денеска официјално е нов тренер на Јувентус. Но, Лампард кој имаше одлична сезона на кормилото на Дерби барал посебни гаранции од сопственикот Роман Абрамович за да се врати во клубот.

„Сандеј тајмс“ пренесува дека Лампард барал од Абрамович да му гарантира период од две години за мирна работа без притисок на што рускиот милијардер се согласил, порачувајќи му лично дека ќе има „два трансфер рока“ за да покаже што знае и умее.

Со оглед на тоа што Челси е под суспензија од ФИФА кога е збор за трансферите, тоа практично значи дека Лампард без проблеми ќе може да ја води екипата и во сезоната 2020/2021. Секако Челси ќе мора да плати отштета за раскин на договорот меѓу Лампард и Дерби.